Најбрзиот рецепт за шарена салата: Имунобомба која ќе ве спаси од вируси
Зимно време на нашите простори нема попопуларна салата од туршија, еден од најдобрите избори кога е исхраната во прашање бидејќи се состои од бројни намирници кои го штитат здравјето.
Шарената салата има корисен ефект врз телото од повеќе причини: содржи многу пробиотски култури, кои позитивно влијаат на системот на органите за варење и цревната микрофлора, потоа го зајакнува имунолошкиот систем, го штити телото од воспаленија, го намалува покачено ниво на лош холестерол во крвта, ублажува алергии и проблеми со кожата ...
Најдоброто е што подготовката на туршија е многу едноставна, а ако го пробате овој рецепт - дефинитивно нема да се разочарате!
Состојки
Зеленчук:
1 кг пиперка
3 главици кромид
1 кг корнишони
1 кг карфиол
1 кг моркови
3 кесички бибер
10 ловорови листови
гранчиња магдонос
Солен прелив:
2,5 l вода
800 мл оцет
150 гр шеќер
100 гр сол
Подготовка:
Стерилизирајте ги теглите, наредете ги отворени и во секоја истурете малку бибер и магдонос.
Зеленчукот убаво измијте го и исечкајте го ситно колку што сакате. Истурете во теглите.
Оставете ја водата да зоврие, а потоа додадете шеќер, сол, ловоров лист и малку бибер. Мешајте додека не се растворат шеќерот и солта, а потоа истурете го оцетот и почекајте повторно да зоврие. Потоа тргнете го од оган.
Потоа истурете ја течноста во тегли и наполнете до врвот, па затворете со метални капаци.
Ставете ги теглите во рерна, загрејте ја на 100 степени и оставете ги да отстојат час и половина, па исклучете ја и оставете ги да се изладат во рерна.
Извор: glossy.espreso.co.rs