Најдобрите дваесет мудрости од афричките племиња

Ако имаш цел, ќе го најдеш и патот.

Ако птицата го колва житото на твојот пријател - избркај ја, бидејќи ќе дојде време кога и твоето ќе го колве.

Ако некој ти каже дека гладта е подобра од ситоста, не верувај му.

Подобро е непријателот да го зачувате надвор од дома, отколку да го избркате од дома.

Грубите шеги за пријателот се исто што е и измамата.

За гасење пожар не се бара чиста вода.

Знаењето е како стебло баобаб: еден човек не може да го опфати.

Кога ти е тешко-плачи, но твоите солзи нека не течат по земјата - би можеле да ја извалкаат.

Лагата има седум завршетоци, а вистината само еден.

Лагата може да нанесе болка сто пати поголема од копјето.

Мудроста не престојува само во една куќа.

Остави му го на оној тоа што го сака, бидејќи ако му кажеш да го остави тоа што го сака тој и понатаму ќе го сака тоа што го сака, а тебе ќе те мрази.

Преголема мудрост граничи со глупоста.

Со претерана добродушност нема далеку да стигнеш.

Само глуп човек може да скрши ситни работи.

Среќна е кртицата која живее под земја и не го гледа овој и ваков свет.

Срцето е тоа кое не води во рај и пекол.

Срцето не е колено за да може да се свие.

Што ќе ни е богатство ако поради него секој момент може да ја изгубиме главата.

Што нема да постигнеш со викање, ќе постигнеш со молк.