Најдобрите фризури за жени над 50 години: Ќе ви дадат свеж и младешки изглед, а ги избираат многу познати дами
Изборот на фризура е важен за целокупниот изглед, а познат фризер ги препорачува оние кои најмногу одговараат на зрелите жени
Жените по 50-тата не мора да се збогуваат со долгата коса, но треба да внимаваат при изборот на фризура. Затоа што навистина постојат фризури кои можат да направат да изгледате помлади, но има и такви кои додаваат години. За свеж и младешки изглед, фризерот Мигел Блинг од Мадрид сподели неколку совети за нега на коса по 50-тата година и предлози за фризури.
Негувајте ја косата
Фризерот советува нега на косата со шампони кои ја навлажнуваат и ја зајакнуваат косата, хранливи третмани, како масла и маски кои помагаат да се подобри хидратацијата и еластичноста на косата. Тој вели дека е важно и што јаде жената. „Важно е да се одржува урамнотежена исхрана богата со витамини и минерали, особено оние кои се неопходни за здравјето на косата, како што се биотин, цинк и витамини А и Е“, вели Мигел.
Фризури кои треба да се избегнуваат во зрели години:
- Фризури без волумен: ова се однесува на многу кратки шишања, без горен волумен бидејќи ги истакнува експресивните брчки
- Права долга коса: долгите и прави кроеви не се добри затоа што можат да направат косата да изгледа тенка и безживотна
- Претерано кратки слоеви: фризурите со прекратки и многу слоеви можат да создадат неуреден ефект, кој не изгледа добро и додава години.
Идеални фризури за дами во зрели години:
- Пикси фризури (анг. pixie) - прамените се подолги во горниот дел, па на косата и даваат бујност и меки.
- Боб - секоја боб фризура е добар избор, а брановиден или асиметричен боб, фризура која е подолга напред отколку назад, дава модерен и префинет изглед, ги омекнува цртите на лицето и го издолжува вратот.
Ако сакате долга коса, како Салма Хајек, Моника Белучи и Џулијан Мур, погрижете се косата да биде внимателно наслојна до должината на рамената за да постигнете ефект на волумен.
Фото: Инстаграм/ unsplash