Најдобрите улоги на Мустафа Надаревиќ: Публиката го знаеше по драмите, а заблеска во комедија

Познатиот југословенски и босански актер Мустафа Надаревиќ почина денес на 77 - годишна возраст, објавија регионалните медиуми.

Иако е роден во Бања Лука во 1943 година, живеел и работел во многу градови во поранешна Југославија, а најголемиот дел од животот го поминал во Загреб.


Театарската кариера ја започна во Младинскиот театар во Загреб, а во 1969 година стана член на Драмата на Хрватскиот народен театар. Првите големи улоги ги доби во театарските претстави - Богдан во „Хваркиња“, Помет во „Дундо Марое“, Милетиќ во „Оставци“, Леоне во „Господа Глембајеви“.

Филмската кариера ја започна во почетокот на 80 - тите со споредни улоги.


Во филмот „Татко на службено патување“ од Емир Костурица во 1985 година, тој се истакна со улогата на Зија. Следуваа филмовите на Горан Марковиќ „Веќе видено“ во 1987 година, „Глембајеви“ на Антун Врдојак во 1988 година, „Кудуз“, „Глувиот брат“, „Празник во Сараево“, „Пушка за заспивање“, „Ничија земја“, „Гори оган“, „Нафака“ и многу други.


Сепак, најголемата популарност ја доби пред крајот на својата кариера кога ја воодушеви публиката, која беше навикната да го гледа во драми. Тој ги воодушеви сите пред малите екрани во улогата на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“. Оваа серија се снимаше од 2007 до 2016 година.

Иако креаторите на серијата најавија продолжение, режисерот Пеџа Фазлиновиќ истакна дека нема шанси да се снимаат нови епизоди без Надаревиќ. Во тоа време тој веќе беше болен...