Најдолговечните луѓе ги јадат за ужина: Овие 3 намирници дефинитивно го продолжуваат животот и го намалуваат нивото на холестерол
фото:Profimedia
Тие јадат веднаш штом ќе огладнат и затоа имаат пониско ниво на холестерол, помалку воспаленија и нормален крвен притисок
Стогодишниците имаат здрави навики. Колку што генетиката игра улога во животниот век, истражувањата открија дека не треба да се занемаруваат ниту вежбањето, нивото на стрес и исхраната.
Најдолговечните луѓе никогаш не го прескокнуваат појадокот и првиот оброк е главно правило во денот. Меѓутоа, кога ќе огладнат, ужината е тука за да го измами гладот.
Еве што јадат за ужина, а е многу здраво:
Јаткасти плодови
Според многу истражувања, луѓето кои секојдневно јадат јаткасти плодови имаат подолг животен век, пониски нивоа на холестерол, помалку воспаленија и понизок крвен притисок од оние кои не ги јадат често. Јаткастите плодови се вистинска ризница на витамини, минерали и хранливи материи. Тие содржат калциум, калиум, магнезиум, железо, фосфор и други минерали.
„American Journal of Lifestyle Medicine“ наведува дека исхраната на најстарите луѓе се базира на растенија, додека месото е само за повремено уживање. Ова е причината зошто најдолговечните луѓе консумираат јаткасти плодови и маслиново масло.
Банани
Бананите се богати со калиум, витамин Ц и растителни влакна. Конзумирањето доволно влакна во текот на денот е клучен дел од здравата исхрана. Влакната го намалуваат ризикот од дијабетес, го подобруваат здравјето на срцето, па дури и го намалуваат ризикот од некои видови рак.
Кафе
Омилениот пијалок на многумина се вбројува меѓу основната храна во најздравите заедници во светот. Важно е како се пие кафето. Стогодишниците најчесто го пијат црно, без шеќер и млеко. Ова помага да се спречи преоптоварување на организмот со шеќер.
извор:najzenaД-р Перишиќ откри кај кои болести помага сода бикарбона: А еве на што не треба да фрламе пари
Секое утро го пиела ова, го зајакнала имунитетот, полесно се буди со многу повеќе енергија: Ефектот ќе ве воодушеви