Најевтината но и највкусната бајадера: Без миксер, без печење, готова за 20 минути
Состојки:
9 лажици вода
200 гр. шеќер
150 грр мелени ореви, бадеми или лешници
250 грр мелени бисквити
170 гр. путер
100 гр чоколадо за готвење
-кокос за украсување
За глазурата:
100 гр. чоколадо за готвење
малку масло,
Подготовка:
Ставете ја водата и шеќерот во тенџере и загрејте на тивок оган додека шеќерот целосно не се растопи.
Додадете го путерот, тргнете ја целата смеса од оган и мешајте додека не се стопи.
Кога путерот целосно ќе се растопи, додадете ги оревите и бисквитите и мешајте додека не добиете погуста, еднолична маса.
Добиената маса поделете ја на два еднакви дела.
Растопете го чоколадото на пареа и измешајте го во првиот дел од смесата, а во вториот дел ставете малку екстракт од рум по желба или пак кокос.
Во соодвете калап ставете го прво приот дел па вториот и на крај чоколадо стопено на пареа прелијте врз бајадерата.
Оставете ја бајадерата во фрижидер да се стегне, а следниот ден исечете ја на коцки со саканата големина.
*Пр објава