НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗАРАЗЕНИТЕ СЕ МАЖИ КОИ ИМАЛЕ ОДНОСИ СО МАЖИ, ВО 82 ОТСТО СЛУЧАИ БОЛЕСТА СЕ ПРЕНЕЛА ПРЕКУ СЕКСУАЛЕН КОНТАКТ - во Шпанија прв смртен случај од мајмунски сипаници
Министерството за здравство на Шпанија вчера го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници во земја, што е прв смртен случај во Европа и втор надвор од Африка.
Претходно Бразил го пријави првиот смртен случај од мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент. Станува збор за 41-годишен маж, кој, како што соопшти бразилското Министерство за здравство, боледувал и од лимфом и имал ослабен имунолошки систем.
Досега во Шпанија се пријавени 4.298 случаи на мајмунски сипаници, покажуваат податоците на Националната мрежа за епидемиолошки надзор (РЕНАВЕ), пренесува шпански Мундо.
Од 3.750 случаи за кои има информации, 120 се хоспитализирани, што е 3,2 отсто, а едно лице починало што е официјално првиот смртен случај од мајмунски сипаници во земјата. Повеќе прочитајте на Фактор.мк