Најголемата нејзина промена досега: Амал Клуни има нова фризура
Бомбастични бранови
Амал Клуни е секогаш внимателна кога станува збор за испробување на нов изглед - до неодамна. За време на викендот таа беше на Сицилија со својот сопруг и носеше забележително поинаква фризура.
Амал побарала помош од фризерот Димитрис Џанетос, кој направил чудо од нејзината коса.
„Амал има природно многу убава коса“, вели Џанетос, додавајќи: „И светлите нијанси што ги направив за неа создаваат 3Д ефект кога косата е стилизирана.
За да го создадам овој изглед, користев пегла, фаќајќи ја косата во различни насоки. Потоа ги прочешлав локните за да добијам живост, диско ефект“.
Џијанетос претходно работеше со Амал пред настанот на Картие во Париз минатиот месец, и создаде големи гламазонски бранови околу нејзиното лице и по нејзината должина.
Многумина коментираа дека оваа промена многу ѝ одговара и дека станала помлада, пренесува Vogue.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot