Најголемиот македонски outdoor фестивал When in Krusevo овој викенд во All Seasons Adventure и ALTO

Сите љубители на outdoor активности овој викенд имаат одлична можност да бидат дел од шестото издание на When in Krusevo, што ќе се одржи од 30 јуни до 02 јули. Многубројните активности вклучуваат тури со планински велосипеди, планинарење, трчање, адреналински параглајдинг погледи, незаборавни јавања низ крушевската природа, денски и вечерни забави на 100% чист воздух, ѕвездени ноќи, свежи утра и многу авантури за време на вашиот престој во славното Крушево. 

Најголемиот македонски адреналински парк, Panorama All Seasons Adventure е домаќин на активностите како искачување на вештачка карпа, зиплајн, адреналинските авантури низ паркот.  

Во барот ALTO ќе се одржат 7 денски и ноќни забави на DJ DIMITRIS, ESTEPHANO, TOTSILLY, Shorty P, TASSESKII, како и на Дани и Фанк Шуи. Жичарницата која води до ALTO од центарот на Крушево ќе биде во употреба во петок од 19 до 21 часот, во сабота од 10 до 16 како и од 19 до 21 часот и во недела од 09 до 15 часот.  

Дојдете во Крушево овој викенд и бидете дел од When in Krusevo. Сместувачките капацитети на хотелот Panorama Spa ви стојат на располагање за целосно и максимално опуштање после сите outdoor активности. 


ПР објава