Најмистериозниот настан за кој копнеат љубителите на модата: Откриена темата за Мет Гала 2024- и веќе ѝ се радуваме

Добивај вести на Viber

Темата на Мет Гала 2024 година донесе возбуда во модниот свет по долго чекање, а едвај чекаме да ја видиме листата на гости.

Мет Гала е годишен хуманитарен настан на кој се собираат средства за Метрополитен музејот на уметноста, но овој добротворен дел редовно во медиумите е во сенка на модата, односно креациите кои се појавуваат на црвениот тепих на музејот во Њујорк.

Секако, на чело на парадата е легендарната уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур, а пристигнуваат само избраните: дизајнери и познати личности кои се почестени со покана за Мет Гала.

Темата која е мисла водилка на настанот и според која сите ќе се облекуваат, познато е дека ја одредува Ана Винтур, а нејзината најава со нетрпение се очекува.

Тема: Повторното будење на модата

Бидејќи настанот се одржува во првиот понеделник во мај, оваа година ќе биде 6 мај, а темата на Мет Гала 2024 година е „Заспани убавици: повторното будење на модата“. Извор на Мет Гала открива дека идејата е да се „вдиши нов живот во иконски парчиња преку креативни и извонредни активации, дизајнирани да ги пренесат мирисите, звуците, текстурите и движењата на облеката што повеќе не можат директно да комуницираат со телото“.

Во чест на ова, овогодинешното шоу ќе ги „истражи поимите за повторно раѓање и обновување, користејќи ја природата како метафора за непостојаноста на модата“. Темата на Мет Гала не само што го одредува кодексот на облекување за овој настан таа година, туку ги предизвикува дизајнерите, поттикнува размислување за модата и, не помалку важно, станува тема на изложбата Метрополитен музеј на уметноста. Темата во 2023 година беше посветена на покојниот дизајнер Карл Лагерфелд, во 2022 година беше насловена Антологија на модата во Америка, во 2021 година беше Лексикон на модата, а годината пред Мода и времетраење, пишува Miss7.

Списокот на гости на Мет Гала никогаш не се открива пред големата вечер, па како и секогаш, сите нè чека големо изненадување додека гледаме кои познати личности се најдоа на црвениот тепих. Сепак, секогаш има пресметка, кој ќе дојде, а кој НЕ. Има некои имиња кои се секогаш присутни, како кланот Кардашијан и Џенер (лани се шпекулираше дека не биле поканети, но биле, во намален состав) или Ријана.