Најпрактичната летна фризура: За дами од сите генерации
Таа е обожавана од
жени од сите генерации
Без разлика дали станува збор за пократка варијанта на боб фризура, боб со расцеп на средина или ултра шик асиметрични варијанти, популарноста на оваа трендовска фризура не згаснува со години, а оваа сезона е на самиот врв.
Секоја сезона се појавуваат нови варијанти на омилената фризура на многу жени, кои повеќе пати го покажаа својот безвременски карактер.
Легендарната боб, на која и беше верна најпознатата модна уредничка во светот Ана Винтур со децении, е една од оние фризури со кои едноставно не можете да погрешите, особено во лето, кога никој не е воодушевен од идејата за фенирање или пеглање на косата.
Во моментов апсолутен хит е фризурата кроп боб што беше актуелна во 90-тите години.
За разлика од класичниот боб, кроп боб фризурата е пократка и има слоевити исечени краеви за да се постигне поголем волумен. Ако се сомневате во оваа фризура, не грижете се - сигурно нема да имате многу работа со обликувањето затоа што е пожелно косата да не е совршено исушена, туку лежерно неуредна.
Фото: Shutterstock/Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Турската убавица Фахрије Евчен воодушевува со наједноставната летна фризура: Совршен „wet look“ (ФОТО)