Најскандалозната љубовна приказна во светот: Се омажи тајно на 26 години за 26-години постар маж, но почетокот на таа врска и денес ги шокира сите

Од самиот почеток нивната врска предизвика негодување во јавноста, а јавноста му замери на менаџерот поради тоа што заведе малолетна девојка.

Селин Дион беше принудена да ја откаже турнејата поради неподносливи, долготрајни и болни грчеви во мускулите, а излезе и со соопштение во кое вели дека нејзиното опоравување пред враќањето на сцената ќе трае подолго отколку што очекувала. Медиумите пишуваат дека Селин повеќе не може да стане од кревет поради парализирачки болки во стапалата и нозете. Таа многу ослабе и е многу слаба, што и отежнува да се грижи за 11-годишните близнаци Еди и Нелсон. Наводно, Селин размислува целосно да се повлече од сцената, можеби на една година.

Да потсетиме, Селин за само неколку дена ги доживеа двете најголеми трагедии - прво нејзиниот сопруг Рене почина од рак на грлото, а потоа го загуби и братот. Приказната за нејзиниот брак е една од најчудните во Холивуд, а и денес публиката е поделена - додека едни велат дека се работи за судбинска љубов, други му замеруваат на Рене и велат дека Селин практично била заробена покрај него уште од мала. 

Фактот дека Селин Дион и Рене Анџелил поминаа децении во хармоничен брак не успеа да го избрише почетокот на нивната врска, а почетокот гласи така што менаџерот заведе малолетна девојка. Имено, мајката на Селин испратила снимка од песна која Селин ја напишала и ја отпеала на Рене, кој тогаш имал 38 години со веќе изградено име во светот на музиката. Селин имала само 12 години.

Откако ја преслушал снимката, Рене заклучил дека Селин е исклучително талентирана и решил да ја запознае. Подоцна ја поканил на аудиција во Квебек.

-Почнав да пеам, а тој да плаче. Тогаш бев сигурна дека успеав – се присети подоцна Селин. Нејзината кариера започнала, а набрзо во придружба на Рене, кој ѝ стана менаџер и мајка ѝ, тргнала на турнеја низ Европа, Јапонија и Канада. Рене бил толку убеден во талентот на Селин што ја ставил под хипотека неговата куќа за да го издаде нејзиниот прв албум. 

Селин секогаш инсистирала дека ништо не се случило меѓу неа и Рене кога била малолетна. Меѓутоа, штом таа наполнила 19 години, тие официјално станаа пар. Селин подоцна изјави дека почнале да одат на состаноци кога имала 18 години. Разликата од 26 години во корист на Рене ја шокираше јавноста, па врската ја криеја седум години, додека не се венчаа. Јавноста беше згрозена од овој брак. Селин тогаш имаше 26 години, а нејзиниот сопруг 26 години повеќе од неа. Единственото нешто што им ја помрачило среќата е отсуството на деца. Селин не можела да забремени, а како што растела во големо семејство, не можела ни да замисли да нема деца.

- Луѓето можат да мислат и да кажат што сакаат. Се сакаме и секогаш ќе се сакаме – изјави Селин. Рече и дека нејзината мајка првично била експлицитно против таа љубов, но и дека ништо не може да ги спречи двајцата да бидат заедно. 

Во брачниот живот, како што рече, било идилично до 1990-тите, кога Рене првпат се борел со ракот на грлото. Пред хемотерапијата, тој ја замрзнал спермата за да се увери дека можат да имаат деца. Селин потоа направи двегодишна пауза за да се фокусира на лекувањето на Рене. Кога закрепнал, тие ги обновиле брачните завети, а Селин била прв пат бремена. Селин се врати на кариерата која повторно тргна во нагорна линија и се одеше добро до 2009 година, кога Рене повторно западна во здравствена криза, овој пат со срце. Селин тогаш имаше спонтан абортус поради анксиозност. Една година подоцна, Рене се опорави и добија близнаци. 

Потоа, во 2014 година, Рене повторно заболел од рак на грлото. Селин повторно паузираше, но Рене ја принуди да се врати на редовниот настап во Лас Вегас. Рене почина во нејзините раце во 2016 година. Тој имаше 74 години, а Селин ја извести јавноста дека Рене почина онака како што сакаше - во нејзините раце.

- Човекот на мојот живот умира од ден на ден. Бевме едно. Кога завршија неговите маки, си реков дека сега е подобро. Заслужи да престане да страда – изјави таатогаш за медиумите, а го сподели и последниот разговор што го имала со Рене. 

„Го прегрнав и му реков: „Ти се грижеше за мене и за децата цел мој живот. Ти се грижеше за мојата кариера. Буквално за се‘. Многу сум ти благодарна. Децата се добро. Добро сум и јас. Ветувам дека се ќе биде добро. Те молам, не грижи се повеќе. Не сакам да се грижиш...““


Фото: Профимедиа