Најскандалозните моменти на Опра Винфри: Расизам, педофилија и подароци од 7 милиони долари

Кралицата на ток шоуата која „Форбс“ ја смести на 20 - тото место на највлијателни жени во светот, се прослави благодарение на „The Oprah Winfrey Show“.

Интервјуто кое пред неколку месеци го направи со војвотката и војводата од Сасекс веднаш доби епитет „интервју на векот“, а сега е идеално време да се потсетиме и на некои други нејзини телевизиски моменти, кои имаа слични предзнаци.

Опра се прослави благодарение на „The Oprah Winfrey Show“ кое за првпат беше емитувано во далечната 1986 година, а по 25 години непрекинато работење, последната епизода беше прикажана во 2011 година. За време на повеќе од дведецениската кариера, се зборуваше за лесни и безгрижни теми, но и за сериозни општествени проблеми, а Опра им беше домаќин на илјадници соговорници, од ѕвезди во забавната индустрија, научници, спортисти, до „обични“ луѓе.

Во продолжение погледнете ги најскандалозните моменти од нејзината кариера:

Скокањето на Том Круз

Кога се зборува за ѕвездите, едно од најинтересните интервју, кое со недели се анализираше и прераскажуваше, беше она со актерот Том Круз во 2005 година. Тој беше возбуден и пресреќен што со водителката ги споделива деталите од својот приватен живот и што може да зборува за својата нова девојка, Кејти Холмс. Во еден момент беше толку восхитен што почна да скока по каучот и подоцна отрча во гардеробата и со себе ја донесе Кејти во студиото, каде се бакнуваа и прегрнуваа пред публиката која не престануваше да вреска.


Количка полна со маснотии

Откако за неколку месеци ослабна 30 килограми, сакаше на публиката да ѝ покаже колкава количина на маснотии намалила, па во 1988 година на сетот на својата емисија донесе количка која беше полна со толку килограми животински маснотии и сланина. „Во месарница прашав и ми дадоа 30 килограми маснотии кои ги ставив во количката. Сите ме испрашуваа како ги изгубив килограмите и мислев дека тоа е важно да се покаже, бидејќи речиси гладував повеќе од четири месеци“ - откри Опра една деценија подоцна и додаде дека тоа бил еден од моментите за кои најмногу жали. „Тоа беше голема, голема, голема грешка и еден од моите најголеми егоистични испади“ - објасни.


Делеше автомобили како бомбони

Во емисијата која се емитуваше во 2004 година, на публуката ѝ кажа дека секој ќе добие пакет, но не смее да го отвори додека таа не им каже. Публиката мирно чекаше, а кога даде знак започна врескањето, бидејќи во пакетот се наоѓал клуч од автомобил. „Ти добиваш автомобил! И ти добиваш автомобил! Добиваш и ти автомобил! Сите добиваат автомобил!“ - весело зборуваше Опра, која подели 276 автомобили Pontiac G6, чија вредно во тоа време беше над 7 милиони долари. Овој настан беше дел од маркетиншката кампања на Pontiaca кои прво понудиле 25 автомобили, но на Опра и продуцентите им било важно за секој во публиката кој нема автомобил да добие. Така продуцентите со недели спроведувале анкета во која прашања биле „како одите на работа“ и „колку е стар вашиот автомобил“.

„Вечерта пред емисија не можев да спијам. Судиото не го напуштив пред 11 часот вечерта, бидејќи одев низ паркингот и гледав како ставаат машни на сите тие автомобили. А, кога публиката ги отвори подароците, јас почнав да викам, бидејќи нивното врескање беше толку гласно. Се обидував да слушнам било што во тој хаос преполн со среќа“ - опиша подоцна Опра.


Мајкл Џексон и Неверленд

Првото интервју во 14 години одбивање на разговори со медиумите, Мајкл Џексон ѝ го даде на Опра во 1993 година. Го посети на неговиот имот Неверленд по што се соочи со низа критики поради менувањето на својата боја на кожа. Епизодата тогаш ја погледнаа 90 милиони гледачи, а Џексон за својот живот и детство зборуваше пред да се појават првите обвинувања за сексуално злоставување на деца.

„Тоа беше највозбудливото интервју кое го направив. Кога доаѓавме до вратата на Неверленд имавме чувство како да сме во филмот „Волшебникот од Оз“. Како навистина да отидовме да го посетиме волшебникот. Не можевме да веруваме и имав чувство како да сум повторно дете“ - опиша Опра 16 години по емитувањето на интервјуто. Подоцна за него доби остри критики, а еднакво контроверзна беше и нејзината едночасовна емисија „Oprah Winfrey Presents: After Neverland“, која во 2019 година се прикажуваше на ХБО. Разговараше со Вејд Робсон и Џејмс Сејфчк, кои познатиот пејач го обвинија за злоставување во документарецот „Leaving Neverland“, како и со неговиот режисер Дејн Рид.

Обожавателите на Џексон ја дочекаа на нож. „Не сум доживеала волку омраза од емисијаа со Елен Деџенерис (во која Елен јавно кажа дека е геј). Направив 217 емиси за сексуално злоставување за време на „The Oprah Winfrey Show“ за да можат луѓето да сфатат дека проблемот не е во една личност“ - објасни водителката.


Расисти

Половина година од почетокот на шоуто, Опра со својот тим одлучи да сними емисија во округот Форсајт во кој сакаше да дознае зошто ниту една личност со црна кожа не живеела таму од 1912 година. Стотината членови на публуката ја сочинуваа само жители на тој округ, поголемиот број расисти, кои објаснија зошто „имаат право на своја заедница на белци“.

„Не ми беше удобно, заминувам“ - кажа неколку часа по снимањето во февруари 1987 година, а една година подоцна во своето студио беше домаќин на група скинхеди кои за време на емисијата промовираа говор на омраза.

„За мене ова беше огромна лекција и откако заминаа од студиото одлучив повеќе никогаш да не дозволам мојата емисија да ја злоупотребуваат луѓе кои со својата негативна енергија во светот создаваат дополнителна негативна енергија. Додека си намигнуваа едни на други и ги креваа рацете во поздрав, сфатив да не им покажувам на гледачите колку се насилни и колку не се паметни, туку им дадов простор и моќ да ја шират својата негативна енергија. Кога нешто ќе научиш мора подобро да се однесуваш, па макар тоа да го научиш од скинхед.“  - објасни таа во 2011 година.


фото: Profimedia