Најскапото кафе на светот всушност се исфрла преку измет
Појавата на сортата „Kopi Luwak“ датира уште од триесетите година на 19-от век, кога холандски колонисти се населиле на подрачјето на денешна Индонезија. Холандската власт ги натерала домашните фарми и работниците да одгледуваат една сорта на кафе за потребите на колонистите, но мештаните не можеле да уживаат во тој пијалок. Со тек на времето, приметиле дека цибетките, торбати кои биле вообичаени на тоа подрачје, ги јадат ненабраните зрна кафе и несварени ги исфрлаат преку изметот.
Тие ги собирале остатоците, добро ги миеле, ги пржеле и правеле кафе од нив. Се покажало дека таквото кафе има нов, многу подобар вкус. Холандската власт набрзо и самата дошла до овој рецепт. Така правеното кафе, меѓу нив брзо станало омилено и многу популарно, а било и многу скапо уште во тој период.
Сортата „Kopi Luwak“ („Kopi“ на иднонезиски значи кафе) е многу ретка. Поради специфичноста, годишно се произведува мала количина од ова кафе, па така, 1 килограм од ова кафе се продава за 200 до 1.300 американски долари, во зависност од квалитетот. Најголемата цена која некој ја платил за ова кафе изнесува 6.000 долари за еден килограм.
Во многу ресторани ширум светот, една шоља од ова кафе се продава за околу 50 долари, додека пак, во еден ексклузивен ресторан во Лондон морате да издвоите 50 фунти за неколку голтки од овој напиток. Во Милано е малку поевтино, па шоља од ова кафе може да се најде и за „само“ 15 евра.
Ова кафе се прави на островите Суматра, Јава и Сулавеси, каде живеат цибетките. Овие торбари се хранеле со плодовите од кафе и затоа се сметале за штетници, се додека не е откриено дека зрното кое поминува преку нивниот дигестивен систем добива специфичен вкус, кој му го даваат ензимите од желудникот на ова животно. Полусварените зрна се собираат и од нив се прави најскапото кафе на светот со богата и силна арома