Најтажната принцеза во светот го откажа приемот по повод Денот на државноста: Ова е причината!

Принцезата Шарлин од Монако пред нешто повеќе од една недела се врати во Монако од Африка, каде што престојуваше повеќе од шест месеци, што поттикна бројни шпекулации дека има проблеми во бракот со принцот Алберт.

Иако неколку пати се обидоа да ги побијат гласините, најтажната принцеза на светот веќе го откажа приемот по повод Денот на државноста, на кој требаше да присуствува со својот сопруг, принцот Алберт.

Беше објавено дека привремено се повлекува од јавните активности, а како причина се наведени здравствени проблеми, пишува People.

Само неколку дена по нејзиното враќање во Монако, откако поголемиот дел од минатата година го помина во Јужна Африка, се вели дека 43-годишната принцеза е уморна.

Таа и нејзиниот сопруг одлучија дека нејзиното повлекување од претстојните настани е неопходно за нејзиното закрепнување и здравје, велат од палатата.

Со цел да се заштити и приватноста неопходни за нејзиното закрепнување, локацијата на принцезата ќе остане строго доверлива.

- Поради ваквата ситуација, парот со жалење соопштува дека принцезата Шарлин нема да може да присуствува на овогодинешната прослава на националниот празник, заедно со семејството и луѓето. Штом и дозволи здравјето, принцезата со нетрпение очекува да ги извршува своите должности.

Да потсетиме, принцезата Шарлин од Монако требаше да го придружува сопругот на неговото официјално патување во Дубаи, но тоа не се случи. Наместо тоа, на 13 ноември, сестрата на Алберт, принцезата Стефани, отпатувала во Емиратите.


Фото: Профимедиа

„Најтажната принцеза на светот“ се врати во Монако, новите фотографии загрижуваат: Целосно е скршена и не личи на себе, фановите загрижени!