Најубавата жена на светот хипнотизира со својата фигура: За извајаното тело и совршените облини ги следи правилата кои секој може да ги применува
Изабел Гулар важи за жена со најсовршено тело на светот, а еве ја тајната на нејзиниот добар изглед
Изабел Гулар е бразилска манекенка за која се вели дека го има најсовршеното тело на светот. Убавата Изабел ги поминува празниците со вереникот Кевин Трап, голманот на германската репрезентација, а парот се одлучи за егзотична дестинација и ужива на плажите на Сент Бартс.
Секако, не успеаја да побегнат од будното око на папараците, а телото на Изабел повторно беше во преден план. Изабел има 38 години, но вежба секој ден и ригорозно внимава на исхраната, поради што нејзиното тело изгледа извајано, па дури и без трошка фотошоп и на јако сонце, нејзината фигура е едноставно беспрекорна.
Тајната на нејзиниот изглед се напорните вежби и строго контролираната исхрана. Како и секоја манекенка, така и Изабел е запознаена со сите правила за здрава исхрана.
Како вежба?
Изабел тренира напорно и тренира речиси секој ден. Од спортови избира: пилатес, трчање, кик-бокс и тренинзи со тегови.
„Тренирам како да сум професионалец во тој спорт. Ако имаш фокус, мотивација и посветеност, можеш да ги постигнеш своите цели", рекла еднаш Изабел.
Вежбите кои Изабел ги практикува не е тешко да се применат во секојдневниот живот. Скокањето со јаже е една од нејзините омилени активности, а оваа вежба е идеална за согорување калории, а исто така активира неколку мускулни групи. Таа посветува големо внимание и на зајакнувањето на стомачните мускули и глутесот, а чучњевите со тежина се една од вежбите кои никогаш не ги прескокнува.
Како се храни?
Изабел вели дека ужива во готвењето и дека секојдневно се труди да си приготвува здрави оброци. Секогаш кога е дома практикува зготвена и здрава храна. Утрото започнува со сокови од овошје, зеленчук и протеини. Не јаде леб и брашно, а пристапот кон исхраната е едноставен.
„Се трудам храната што ја внесувам во мојот организам да биде: протеини, јаглени хидрати и зеленчук, односно чиста храна без премногу термичка обработка и адитиви. Кога јадам во ресторан, се трудам тоа да биде здрава храна."
Извор: stil.kurir.rs