Најубавиот и најзгоден доктор на светот живее во Србија: Василије е во центарот на вниманието на жените (ФОТО)
Лекарот кој пред четири години беше прогласен за најзгоден на светот од страна на Дејли Меил, повторно е тема во медиумите.
Д-р Василије Вујовиќ, пластичен хирург за кого пишуваа светските медиуми пред неколку години, почнувајќи од 2017 година, кога го привлече вниманието на јавноста, сега изгледа уште подобро!
Овој белграѓанин денес има 32 години, а на неговиот профил на социјалната мрежа Инстарам, може да се види дека неговиот атрактивен изглед, покрај гените, го должи и на фактот дека напорно тренира и планинари. Иако, како што го прогласи Дејли Меил, за најзгоден лекар во светот, тој не го смета изгледот за најважен.
- Имам потешкотии поради тоа, сето тоа може да импонира и да ви годи, но треба да научите да се справувате со тоа бидејќи не е важно како изгледаш. Најважно е што знаеш да правиш, и што имаш во главата, особено во работата што јас ја работам - рече тој пред неколку години.
Д-р Вујовиќ е многу популарен меѓу дамите, кои го опсипуваат со комплименти, но за жал, тој е зафатен - тој е оженет и горд татко на момче.
извор:GLOSSY