Највкусната штрудла од мак: Ќе биде свежа и после три дена откако ќе ја направите
Фото:printscreen/youtube
Штрудлата со мак(афион) е една од најпопуларните домашни колачи кои можете да ги направите лесно и брзо
Состојки:
700 грама брашно
400 мл млако млеко
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
30 грама свеж квасец
100 мл масло
Фил:
500 грама семе од афион200-300 мл врело млеко
300 грама шеќер
За премачкување: 1 жолчка
Подготовка: Измешајте млеко, квасец и шеќер и оставете го квасецот да нарасне. Во брашното со сол и шеќер додадете го активираниот квасец. Се замесува тесто и се додава малку масло.
Додека тестото нараснува, направете го филот така што во млекото ќе додадете шеќер и ќе го ставите на шпорет да зоврие. Ставете го афионот во врелото млеко и оставете се да се соедини и афионот да набабри.
Кога тестото ќе нарасне и ќе се излади афионот - развлечете го тестото и обилно покријте го со филот. Се пече во рерна на 200 Целзиусови степени околу половина час, а пред печење премачкајте ја штрудлата со жолчка.
Извор: stil.kurir.rs
*пр-објава