Најздрава е медитеранската храна: Италијански специјалитети во книга со рецепти

Добивај вести на Viber

Во вкусовите на медитеранската кујна, уживаа гостите во ресторанот „Дејли“ , во рамките на третата по ред Недела на италијанската кујна во светот во Скопје.

Салата од цвекло, кус кус со 'фстаци, октопод со шери домати и чоколаден колач со јагоди беа на менито за дегустација, во комбинација со вкусни италијански вина. 

Сите овие рецепти и уште многу други можат да се најдат во книгата „Медитеранска диета“ која беше промовирана сношти.

„ Во градинките во повеќето европски земји, месото се наоѓа на менито еднаш во неделата. Другите денови, се јадат зеленчуци или риба барем еднаш во текот на седмицата. Нашиот народ има впечаток дека во секој ручек треба да има месо, што е сосема погрешно. Најумерена и најздрава е медитеранската исхрана“, рече на презентацијата на книгата нутриционистот, др. Александар Митов. 

На вечерата гостуваше и италијанскиот амбасадор во Скопје, Карло Ромео. 

Вечерва, во скопскиот ресторан „Воденица- Мулино“ вечера ќе подготви италијанскиот готвач Армандо Кодиспоти. 

Настаните се организирани од канцеларијата ИЧЕ во Скопје. (М.Џ.)

Фото: Маја Јаневска- Илиева