Најзгодниот српски доктор доби конкуренција: Кој е анестизиологот од Хрватска, кој му ја краде популарноста? (ФОТО)

Јосип Ковачевиќ е згодниот анестезиолог од Хрватска или како што многумина го нарекуваат Аполон од брегот, кој полека, но сигурно му ја краде популарноста на најзгодниот доктор од Србија...

Веќе имаме пишувано за најзгодниот доктор од Србија, Василије Вујовиќ кога и „Daily Mail“ го прогласи за најсексапилен доктор на светот.

Василије е хирург за реконструктивна и естетска хирургија, а неговата популарност е толку голема, што дури си отвори и Инстаграм профил на кој има 230.000 следбеници.

„Постојано ми испраќаат комплименти, пристојни и непристојни понуди на социјалните мрежи. Ми се нудат да ми бидат сопруги, љубовници, пријатели, се согласуваат на било која „функција“ само за да бидат во моја близина“ - кажа тогаш Василиј.

View this post on Instagram

A post shared by Dr Vasilije Vujovic (@dr.vujovic)

Меѓутоа, сега тој доби конкуренција, а тоа е еден исто така згоден доктор, поточно анестезиолог од Хрватска.

Јосип е роден во Хрватска, а се школувал на Медицинскиот факултет во Загреб и на јавниот истражувачки канадски универзитет МекМастер.

Моментално работи во КБЦ Загреб, а освен што е пожртвуван доктор кој се грижи за најзагрозените пациенти, тој има извајано тело како Аполон.

Во слободно време, своите врели фотографии ги споделува на Фејсбук, а жените се полудени по него.

„Јас би сакала ти да ме лекуваш“, „Згоден“, „Ќе го срушиш Фејсбук“ - се само дел од коментарите кои му ги пишуваат под фотографиите.

И додека се крева голема прашина околу него, Јосип не се огласува кога е неговиот љубовен статус во прашање. Но, доколку земеме предвид какви фотки објавува, најверојатно нема девојка.

фото: Принтскрин / Инстаграм / Фејсбук