Накова Парнарџиева: УНИбанка оди чекор напред во заштитата на интернет плаќањата

Добивај вести на Viber

Разговор со Александра Накова Парнарџиева, директор на Дирекција за картично работење во УНИБанка

Највисоко ниво на сигурност и безбедност на клиентите при интернет плаќањата со картичка гарантира новата технологија за заштита што оваа банка неодамна ја воведе. Станува збор за таканаречена  3D Secure со која клиентите дополнително ќе се идентификуваат со еднократна лозинка. Александра Накова Парнарџиева во разговор за Фактор вели дека во последниот период во секојдневието луѓето сѐ почесто го користат интернетот како алатка преку која едноставно и многу брзо можат да плаќаат услуги или купуваат производи. Интернет плаќањата се извршуваат без физичко присуство на корисникот на картичката со која се извршува плаќањето, што всушност ја  наметнува потребата за заштита од злоупотреба на податоците од картичката.

Што значи точно 3DSecure?

Накова Парнарџиева: 3DSecure технологијата, преку програмите Mastercard Secure Code и Visa Secure /Verified by Visa, обезбедува превенција од злоупотреби при интернет плаќања со користење на највисоко ниво на автентикација на клиентите корисници на картички. Заштитата на клиентите се заснова на динамички метод на автентикација на корисникот на картичка, кој се реализира со користење на еднократна лозинка – ОТП лозинка. Примената на ОТП лозинка овозможува проверка на идентитeтот на корисникот на картичката при интернет плаќање, односно проверка дали вистинскиот корисник на картичка го извршува конкретното интернет плаќање.

Со оваа технологија покрај стандардните податоци кои се бараат при плаќање на интернет - број и рок на важење на картичка, име и презиме на корисникот на картичката и CVC/CVV2 код, кај трговци кои учестуваат во програмите за сигурност Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verified by Visa , ќе биде побарано внесување на ОТП лозинка.

ОТП лозинката клиентите ќе ја добијат преку СМС порака на мобилниот телефонски број регистриран во банката и е валидна само за конкретната интернет трансакција.

Целото интервју на Фактор.мк