Видео кое ќе ви ја стопли душата: Гоце Тодоровски застана зад микрофонот и запеа од срце (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Актерската легенда Гоце Тодоровски е еден од најталентираните глумци за пеење, па така овој пат застана зад микрофонот и направи вистинска веселба.

„Нашата најголема македонска актерска легенда Гоце Тодоровски знае преубаво да запее, да заигра и да забавува на приватна веселба. Почит и восхит за неговото дело!“

Видеото на Фејсбук го сподели неговата ќерка Сашенка која напиша „Гордост моја“.


Нашиот Гоце Тодоровски е најголема македонска театарска, филмска и телевизиска легенда. Познат е по улогите во легендарните Македонски народни приказни, Бушава азбука, Балкан бенд, Трст виа Скопје, Солунски патрдии, Хихирику, Викенд на мртовци, Среќна нова '49, Тврдокорни, Црвениот коњ, Училиште и многу други театарски и филмски улоги во неговата богата повеќедецинска работа.

Роден е во Кичево, 30-ти април 1951-ва година. Денес, како пензионер, со сопругата Тања живее во Скопје. Добитник е на повеќе награди, а една од најзначајните е „Орден за заслуги за Македонија“.