„Јас сè уште имам желба да работам - Ова признание ќе го чувам во срцето“: Гоце Тодоровски одликуван со орден за заслуги од претседателот на Македонија

Добивај вести на Viber

Претседателот на Македонија Стево Педаровски го посети актерот Гоце Тодоровски се со цел да му врачи - Ореден за заслуги за Република Македонија.

- Бард на македонското глумиште и еден од нашите најпочитувани и најпознати актери со извонредна кариера и богата биографија. Препознатлив по ведрината и енергичноста на сцената, но и по неговиот високо професионален однос кон работата, напиша Пендаровски, на видеото на кое му го врачува орденот на Гоце.

На видеото тие разговараат за се она што било и што допрва ќе биде, а Гoце не ја пропушти ниту приликата да каже дека, во него има се уште енергија и сила да продолжи откако ќе закрепне.

Целиот разговор погледнете го во видеотот во продолжение:

Инаку, со сособена чест, Стево Пендаровски додели уште неколку оредени и медали и тоа:

На Коле Ангеловски - Орден за заслуги за Република Македонија, Барјуш Мјаку - Орден за заслуги за Република Македонија, Лупчо Каров - Медал за заслуги за Република Македонија, Бранко Огњановски - Медал за заслуги за Република Македонија, Васко Тодоров - Медал за заслуги за Република Македонија.



Фото:facebook