Намалете го ризикот од висок крвен притисок за 40 отсто: Користете замена за сол, овие намирници ѝ даваат одличен вкус на храната

Добивај вести на Viber


Иако е добро познато дека премногу сол не е здраво да се јаде не треба целосно да се елиминира. На телото му треба натриум.

Замената на обичната сол со алтернатива може да ги намали скоковите на високиот крвен притисок кај постарите возрасни лица, според една неодамнешна студија објавена во списанието на Американскиот колеџ за кардиологија. Луѓето кои користеле замена за сол имале 40% помала инциденца и веројатност да имаат хипертензија во споредба со оние кои користеле обична сол.

Според Светската здравствена организација, хипертензијата е водечки фактор на ризик за кардиоваскуларни болести и смртност. Погодува повеќе од 1,4 милијарди возрасни лица и предизвикува 10,8 милиони смртни случаи годишно во светот, пишува Science Daily.

Еден од најдобрите начини да го намалите ризикот од хипертензија е да го намалите внесот на сол.

Замена за сол

Светската здравствена организација препорачува дневна доза од 5 грама сол. Просечната потрошувачка на сол во Централна Европа е околу 15 грама, а често и до 20 грама. За среќа, постојат одлични замени за сол кои ќе ја одржат храната вкусна.

  1. Билки – босилек, оригано, мајчина душица, мајоран ќе ги направат оброците повкусни.
  2. Направете замена – измешајте мелен црвен пипер, лук во прав и мелен црн пипер и користете една кафена лажичка за јадења наместо обична сол.
  3. Хималајската сол е најчистиот вид сол во светот, која е многу поздрава од обичната сол. Можете да го збогатите и со сушени билки и лук.
  4. Во рижото, тестенините или салатите можете да додадете семки од сончоглед и тиква за да го подобрите нивниот вкус.