Направете сами: Чај за брзо спречување на болки во грлото

Добивај вести на Viber

Моментално владее сезона на грип и вируси, па сè почесто се соочуваме со болно грло... 

На наша среќа , успеавме да најдеме рецепт за фантастичен чај кој после само една употреба ќе ги намали болките во грлото и со самото тоа ќе го спречи ширењето на вирусот. Лесно се подготвува и бара состојки кои веројатно ги имате дома. Целосно е природен и не му се потребни вештачки додатоци. 

Состојки

- 1 лажичка ѓумбир во прав

- ½ лажици мед 

- зовриена вода 

- 1/2 лимон 


Подготовка:

Ставете го ѓумбирот и медот во шолјата за чај
Прелијте со зовриената вода
Исцедете половина лимон во добиениот чај и добро измешајте.

Покрај освежувачкиот вкус, чајот ќе ве загрее и ќе ве ослободи од болки во грлото. Можете да го пиете колку сакате во текот на денот, бидејќи нема штетни ефекти. 


*пр објава