Направи милијарди со своето телото, а сега објави видео во кое сè и се тресе: Реакциите се страшни

Најстарата сестра на Кардашијан неодамна објави кратко видео во кое е облечена од глава до пети, а тоа сепак предизвика лавина реакции и коментари на социјалните мрежи и порталите ширум светот. Имено, Кортни сподели видео на кое парадира во „проѕирен“ комбинезон, без да го покажува лицето, видеото е фокусирано на задникот.

Познатата 42-годишна жена на видеото е облечена во комбинезон во боја на нејзината кожа, а до тој степен и се спои комбинезонот со кожата и ја следи линијата на нејзиното тело, што многумина на почетокот помислија дека оваа дама не носи ништо!

Таа всушност носи заводливо, секси парче од брендот SKIMS на нејзината сестра Ким Кардашијан. На некои фотографии Кортни покажа како овој комбинезон изгледа одблиску, па може да се забележи дека го красат кадифени детали. 

Сепак, најмногу прашина предизвика споменатото видео на кое таа го носи комбинезонот искомбиниран со црни длабоки чизми, и на кое веројатно со умисла замавнува со колковите и задникот. И додека некои се воодушевени од оваа објава на Кортни, многумина започнаа со навреди и критики. 

„Изгледа апсолутно ужасно“, „Баба ми е во подобра форма од неа“, „Господе, зошто верува дека изгледа добро? Таа е огромна и ниска“, „Има задник како истрошен тросед“, „Таа е дебела , таа очигледно се чувствува удобно во нејзина кожа“, „Толку непривлечна што дури боли“, Толку невешто, а носи спандекс, или што и да е“, „Изгледа исклучително евтино“, се само некои од илјадниците коментари.

Но, атрактивната реалити ѕвезда ги игнорира критиките, и ужива во себе, во своето тело и во романсата со тапанарот Тревис Баркер, со кого се вери пред неколку месеци. Да потсетиме, парот почна да се забавува на почетокот на минатата година, а сите тврдат дека оваа романса драстично ја променила Кортни.

Откако стапи во врска со тапанарот, дури го промени и стилот на облекување, па сега е поурбана и се приклонува кон рокерски имиџ. Сепак, се шпекулира дека само со неговата љубов и поддршка таа го пронашла и го изразила своето вистинско јас.


Прославената бринета не крие колку е вљубена во Баркер, парот не само што не се разделува, туку и транспарентно ја покажува љубовта на необични начини. 


Фото: Инстаграм - Кортни Кардашијан/Травис Баркер

„Мајка си ѝ или пријателка?!“ 9-годишната ќерка на Кортни со бојадисана коса, фустан без прерамки и во високи потпетици