Напролет кај нас короната ќе се сведе на сезонски грип: Д-р Стевановиќ и проф. Даниловски за омикрон варијантата
Експертската јавност во Македонија веќе наговестува дека во периодот на божикните и новогодишните празници, омикрон варијантата ќе пристигне во земјава, пред се поради зголемените патувања. Се очекува голем број наши сограѓани кои живеат во странство, до крајот на декември да се вратат во Македонија и празниците да ги поминат тука, а тоа според инфектолозите и епидемиолозите е една од главните причини за увезување и на новата варијанта која по појавата во Јужна Африка, веќе е присутна во 63 земји во светот.
Конкретни податоци за тоа колку е заразен и каква клиничка слика дава омикрон, се уште нема, но последниот извештај на СЗО вели дека сојот претставува глобална закана. И покрај тврдењата на експертите од Јужна Африка дека нивните пациенти заразени со омикрон имаат полесни симптоми, односно далеку поблага клиничка слика, во Велика Британија веќе е потврден првиот смртен случај на пациентка која била заразена со новата варијанта. Во разговор за Фактор, директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ, вели дека се уште немаат пациент чија клиничка слика барем по нешто се разликува од останатите пациенти, но смета дека барем и во наредните две години ќе имаат хоспитализирани пациенти болни од корона вирусот. Што велат дополнително еминентните доктори за новиот омикрон сој и за иднината на корона вирусот прочитајте на фактор.мк
Фото: фактор.мк