Насмевката ја краси, а едноставноста и елеганција се нејзиното средно име: Водителката Елена Стојановска во стил на денот

Добивај вести на Viber

Секогаш насмеана и одлична во она што го работи. Таа е онаа која прва ќе ви посака „добро утро“ доколку гледате утринска програма на Телевизија Сител.

Секогаш на висината на задачата и со одличен дрес код кој и прилега за утринските часови.

Водителката Елена Стојановска – Јанковска негува елегантно, лежерен стил кој го надополнува со нејзината природна убавина, убава насмевка и без многу шминка.

Во утринската програма „Добро утро Македонијо“ најчесто ја гледаме во лежерна облека која одлично и прилега и е соодветна за емисија од ваков тип. Но водителката знае да изненади и со некоја поелегантна варијанта која остава печат на едноставност и софистицираност.

Очигледно водителката што и да облече ќе изгледа прекрасно, со оглед на нејзината витка става која ја негува со години.

Фото: Инстаграм

Портрет- Елена Стојановска: Го молам небото да бидат тука луѓето што ги сакам