Наталија Данаилова: Радосна во душата пренесувам пораки
„Сé за тебе“ е насловен првиот албум на Наталија Данаилова, талентираната пејачка која јавноста ја памети по учествата во повеќе ТВ-шоуа. Промоцијата е закажана за утре во гевгелискиот кафе-бар „У“. Материјалот содржи осум песни од кои половина се веќе пуштени во етер.
- Радосна во душата пренесувам пораки. Да бидеме во љубов со себеси и со другите.Сите сме тука, јас за тебе ти за мене, едно сме. Автор на музиката и текстот на сите рефрени е Весна Малинова Бабамова со која се поврзавме и остваривме еден проект заокружен како деби албум. Како аранжери се јавуваат Дарко Тасев, Филип Динев, Влатко Сапламаев, Никола Васков -Нино и Ѓорги Вацев. Поддршка низ целото создавање ни е Кирил Бабамов кој безрезервно ни дава сè за да на крај резултира со вистина – информира Данаилова.
Ѓ.С.