Научете како да им забраните пристап на комарците до вашиот дом со помош на кафе

Еколошко и евтино: најефикасното средство против комарци кое сите го имаме во куќата. 

Бидете еколошки освестени и наместо разни хемиски средства, за борба против напорните комарци - користете стар талог на кафе! 

Тој е супер ефикасен репелент за комарци, тврди американската Агенција за заштита на околината. Комарците како и другите инсекти, ги одбива мирисот создаден од талог на кафе кои гори. 

Еве како тоа да го постигнете: Собирајте го талогот од испиеното кафе и ставајте го на алуминиумска фолија. Ставете го на ладно и суво место и чекајте го да се исуши убаво. Ставете ја фолијата со кафе на чинија, на маса, на која никој нема да го допре. Запалете го талогот, кој полека ќе гори и ќе ги истерува комарците од Вашиот дом. 

Овој едноставен трик лесно функционира и ќе бидете изненадени од неговиот резултат.