Научниците во Франција открија нова варијанта на ковид-19: Овој вид има 46 мутации, го нарекоа IHU, а еве што го разликува

Добивај вести на Viber

Научниците тврдат дека во Франција е пронајдена уште една варијанта на Ковид-19, пишува „Дејли мејл“. Оваа варијанта има 46 мутации и се верува дека e позаразна и поотпорна на вакцината во споредба со оригиналниот вид на вирусот.

Во близина на Марсеј досега се идентификувани околу 12 случаи, а првиот е поврзан со лице кое отпатувало во африканската држава Камерун.

Сепак, има неколку знаци дека оваа варијанта ќе ја надмине доминантната омикронска варијанта, која сега опфаќа повеќе од 60 проценти од случаите во Франција.

Видот беше откриен од експерти од Фондацијата за медитерански инфекции IHU на 10 декември, но оваа варијанта сè уште не се шири брзо. Тој допрва треба да биде откриен во други земји или означен како варијанта под истрага на СЗО.

„Навистина има неколку случаи на оваа нова варијанта во околината на Марсеј. Ја нарековме варијанта IHU. Само што се предадени два нови генома“, рече професорот Филип Колсон, кој ја предводи групата што го откри сојот.


Фото:  фреепик