„Наутро пиев неколку шолји, па се соочив со овој проблем“: Нутриционистка детално објасни зошто не смеете да пиете кафе на празен стомак

Добивај вести на Viber

Повеќето луѓе имаат навика да пијат кафе веднаш штом ќе станат од спиење, а токму оваа навика е предмет на многу дискусии, бидејќи не можеме да бидеме целосно сигурни дали е добро или не.

Оливија Хедланд, нутриционист, се обиде ги реши сите дилеми преку својот Тик Ток, а нејзиното видео го видеа повеќе од 582 илјади луѓе, а на повеќе од 20 илјади им се допадна.

Имено, таа тврди дека кофеинот може да направи големи проблеми во цревата, но и со хормоните, а кафето поради киселоста може да предизвика чувство на тежина во стомакот, поради што телото е изложено на состојба на висок стрес, и ги нарушува хормоните.

„Ако прво пиете кафе на празен стомак, си играте со вашите хормони. Кафето не само што е кисело, затоа е тешко за нашиот стомак наутро, туку буквално предизвикува нашето тело да премине во состојба на одговор на стрес за да се ослободи од кортизол, кој нѐ става во вид на борба или бегство“, вели таа во видеото.

Сепак, факт е дека и кафето го предизвикува тоа навистина добро чувство. Сепак, тоа добро чувство може да има негативен ефект врз вашето тело, особено кај жените и оние кои имаат проблеми со цревата или хормонална нерамнотежа, а оваа лоша навика може да предизвика и хормонални проблеми како што се акните.

„Пиев повеќе шолји кафе на празен стомак, се чувствував како да сум на врвот на светот, а потоа ќе ми се случеа еден куп хормонски акни и ќе се прашувам зошто. Тоа е затоа што вашето тело е под стрес“, откри таа.

Ако не можете да се откажете од утринското кафе, нутриционистката вели дека е најдобро да јадете нешто пред тоа, како сурови млечни производи, јајца, бобинки, јаболка или круши.

„Ветувам дека ќе ја забележите разликата“, додаде нутриционистката.