Наводната љубовница на Путин е повторно бремена: Еве како реагирал рускиот претседател на оваа вест

фото:Profimedia

Веќе 14 години се зборува дека Алина е љубовница на Владимир Путин, а наводно веќе му родила два сина.

Владимир Путин бил шокиран кога открил дека неговата љубовница е повторно бремена, објавија медиумите во Москва. Рускиот лидер, кој во октомври наполни 70 години, веќе има два сина со поранешната олимписка ритмичка гимнастичарка Алина Кабаева (38).

Со оглед на ситуацијата во Украина и големата организација на воената парада во Москва, извори тврдат дека тој не сакал повеќе деца. Тој наводно бил „тажен и повлечен“ откако бил информиран дека Кабаева е бремена и чека дете. Изворите тврдат дека претседателот бил лут кога веста одекнала како бомба бидејќи ќе ја засени парадата на воената победа на Црвениот плоштад, пишува The Sun.

Информацијата за наводната бременост на поранешната олимписка гимнастичарка прв ја објави рускиот информативен канал Телеграм, а се уште не е потврдена. Владимир Путин никогаш не ја признал својата поврзаност со Кабаева, за која претходно беше кажано дека се крие со деца во Швајцарија. Локалните весници објавија дека таа го добила едниот син таму во 2015 година, а другиот во Москва во 2019 година.

извор:stil.kurir

Љубовницата на Путин ги збесна неговите противници: „Швајцарија да му ја врати Ева Браун на својот водач“


Таа е сопруга на најплатениот политичар во светот: Емина (67) тврди дека живее скромно, но зошто никој не ѝ верува?

Запознајте ја ќерката на Путин: Докторката со продорен поглед