Не користам креми за лице, ниту одам на козметичар: Вики Среброва за тајната на младешкиот изглед

Добивај вести на Viber

Некои жени се гордеат со брчките на своето лице. Бидејќи секоја од нив е симбол на еден дел од животот, кој го обележале успеси и падови, на приватен и на професионален план.

Вики Среброва (65) естрадна уметничка, е една од нив. Таа гордо ги носи своите  години испишани на лицето. Единствена корекција која ја напралила е липосукција на подбрадок пред 11 години, кога беше водителка на своето ток шоу „ Викивизија“.

-Стареам достоинствено, без ботокс и филери. Дури не употребувам козметика за лице, ниту пак одам на козметичар. Колку и да ви звучи чудно, но најдобро средство за нега на лицето е водата. Кога одам на настан или излегувам со пријателките ставам само пудра,кармин и римел. Тоа е доволно да ми се покријат старечките брчки, а да ми се истакнат устата и очите – открива таа.

Вики Среброва во 1972 година ја стекна титулата „Најубава насмевка на Југославија“ која и ја додели весникот  „Вечерње новости“. Во 1973 стана прва придружничка на Мис на Македонија, а потоа беше и меѓу шестте  најубави девојки на изборот на ниво на Југаславија. Во 1974 стана „Мавровска убавица“. Паралелно беже анагжирана и како манекенка.

-И во времето кога се занимавав со манекенство, шминката ја вадев само со вода. Не употребував креми. Уште тогаш сметав дека тие се хемија која може да и наштети на лицето. Немам потреба да користам ни природна козметика. Не ставам ни млеко за тело. За туширање ги користам само производите на „Дов“.Се трудам на најстарата внука да и ги пренесам моите совети за нега. Се противам што оди на козметичар, бидејќи има пубертетски мозолчиња. И велам дека тоа е природен процес и ќе и помине. – појаснува Вики.

Таа е  мајка на два сина и ќерка и баба на пет внучиња. Тие се за неа најголемото богатство..

-Поминав низ многу перипетии и тешки мигови во животот. Но, свесна сум дека со сила убавина не бива. Во животот има две алтернативи „или живеј или умри“ или „полковник или покојник“. Го одбрав животот. Сакам да живеам. Богаството не е во парите. Во семејството и искрените и вистинските пријатели. Јас тоа го имам. Затоа секогаш велам дека сум многу богата – вели Среброва.

Соња Алексоска Неделковска