Не можам да се грижам за три мали деца: Дајте ги на посвојување и не барајте ме

Оваа неверојатна и тажна приказна доаѓа од Русија. 

Алена и Миша живеeле заедно повеќе од 7 години. Две години по венчавката, парот сакал да има деца. На голема среќа, по некое време, тестот покажал две цртички. 

Алена имала млади родители кои биле неверојатно среќни што ќе станат баба и дедо на млади години.

Бременоста поминала добро, а по некое време докторот бил многу изненаден кога видел на ултразвук дека се работи за две бебиња. Близнаци. Радоста на младите родители растела. Парот подготвил сè за доаѓањето на бебињата: соба и креветчиња, опрема, пелени, играчки...

Се чинело дека ништо не може да тргне наопаку, дека ништо лошо не може да се случи со такво среќно семејство.

Во времето кога Алена била во болница, чекајќи да се породи, Миша работел напорно, бил на службени патувања во регионот, сонувајќи за слободните денови што ќе ги добие кога ќе се родат децата.

Зима и ноќ. Една погрешна кривина, многу снег на патот и Миша починал. Несреќната вест веднаш им била соопштена на неговите родители, но никој не смеел да ѝ каже на Алена, за породувањето да помине во најдобар ред.

Сосема несвесна за хоророт што ја чека, Алена успешно родила три бебиња. Какво изненадување било и за неа и за лекарите. Три бебиња не биле видени на ниту еден преглед!!!
Алена само го замислувала моментот кога Миша ќе дојде и ќе ги види нивните три деца. Знаела дека ќе биде среќен затоа што отсекогаш сакал големо семејство.

Кога дошле нејзините родители, Алана веднаш сватила дека се случило нешто лошо. Никој не можел да ја подготви за таа вест. Отпрвин не можела да поверува, а потоа бликнала во плач.

Лекарите ѝ дале лекови за смирување, а нејзините родители се надевале дека ќе успее да ја надмине болката.

Но, уште следното утро, кога дежурната бабица дошла во породилното одделение, нејзиниот кревет бил празен. А таму била оставена белешка која гласела:

„Извинете, но не можам. Каде сама со три мали деца? Едноставно не можам сама да ги израстам. Дајте ги на посвојување. И ве молам, не барајте ме, морам да започнам нов живот".

Истиот ден, веста била пријавена кај родителите на Алена. Бидејќи биле уште млади, тие двајцата решиле да се грижат за децата додека Алена не се врати.

Од тогаш поминале пет години, а од Алена немало ни трага ни глас. Децата растеле со молскавична брзина и мислеле дека ги родила нивната баба,односно дека таа им е мајка. На родителите на Алена не им пречело тоа, не им ја кажувале вистината на децата и ги воспитувале како да ги родиле.

Пред неколку месеци, Алена сподели нова фотографија на социјалните мрежи: таа стои покрај нејзиниот нов сопруг, држејќи во рацете новороденче. За неа започнал новиот живот.

извор:stil.kurir.rs