Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават

Конфучие бил обичен човек, но неговото учење често го нарекуваат религија. Целокупната негова филозофија се заснова на морал, етика и принципи на меѓусебна интеракција на луѓето.Тој бил еден од првите кои ја предложиле идејата на високоморално хармонично општество. Златното правило на неговата етика би звучело вака:

„Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават“

Неговото учење било општоприфатено, посебно како идеолошка норма на ниво на државата, а останало популарно скоро 20 векови. Неговите мисли се едноставни и разбирливи за секој човек - веројатно затоа што влијаат инспиративно.

Цитатите на Конфучие ги имате на ФАКТОР.МК