НЕ СЕ ГЛЕДАМ СЕБЕСИ КАКО КРАЛИЦА НА ЗЕМЈАТА, Дијана уште пред разводот не очекувала дека ќе седне во кралското столче

Со веста за смртта на кралицата Елизабета која почина во четвртокот, многумина се потсетија и на трагичната смрт на принцезата Дијана.

- Би сакала да бидам кралица на срцата на луѓето, во срцата на луѓето, но не се гледам себеси како кралица на оваа земја - му рекла принцезата Дијана на новинарот Мартин Башир во нејзиното познато ТВ интервју во 1995 година.

Во времето кога го даде интервјуто, таа беше разделена од нејзиниот сопруг речиси три години, но изјавата одекна како бомба низ целата нација, се сеќава Њујорк пост.

И тоа беше предвидување кое се покажа точно. Кога Дајана и принцот Чарлс се разведоа осум месеци подоцна, принцезата се откажа од правото да биде следната англиска кралица. Таа, исто така, мораше да се откаже од титулата „HRH“ (Нејзиното кралско височество). По разводот беше договорено нејзината нова титула да биде Дијана, принцезата од Велс, пренесува „Курир.рс“.

Иако кралицата беше подготвена да и дозволи на Дијана да ја задржи титулата HRH, според некои извештаи, принцот Чарлс инсистирал таа да се откаже од неа. Повеќе прочитајте на Фактор.мк


Фото: printscreen