Не сте ни свесни дека си го ризикувате здравјето: Опасна работа за јадењето цреши

Добивај вести на Viber

На задоволство на многумина, започна сезоната на цреши! Сепак, покрај тоа што се толку вкусни и освежувачки, би можеле да го загрозат и нашето здравје...

Ако уживате во свежи цреши, важно е да знаете дека никогаш не треба да ја голтате или џвакате целата цреша со внатрешната коска.

Коските од црешите содржат цијаногени гликозиди. Иако нашето тело може да апсорбира мали количини на цијаногени соединенија, ако претерате, може сериозно да го загрозите вашето здравје.

Многу поопасно од голтањето на коската е грицкањето, бидејќи на овој начин ова соединение се ослободува директно во устата и може да доведе до труење.

Симптомите на труење вклучуваат главоболка, вртоглавица, нервоза и повраќање. Повисоки дози на цијаногени гликозиди во организмот може да доведат до проблеми со дишењето, висок крвен притисок и побрзи отчукувања на срцето.

Ако сте сами, или некој во ваше друштво проголта неколку коски, најдобро е да побарате лекарска помош веднаш. Најчестиот начин за спречување на труењето е повраќање или да се испери желудникот.