Недела на модата во Париз без највлијателните Русинки: Единствено ТАА се осуди да се појави и седне во прв ред (ФОТО)
Познати жени од Русија, манекенки, дизајнери и инфлуенсерки исчезнаа од првите редови на модната недела во Париз, по инвазијата на Владимир Путин на Украина. Многу модни брендови сега се критикувани за нивните врски со „руските пари.“ Сепак, една Русинка и покрај сѐ се појави на гламурозните ревии - Марија Шарапова.
Се чини дека многу руски ѕвезди ги одбија поканите за престижни модни ревии и ги напуштија првите редови на модните ревии на модната недела во Париз.
Во Париз не дојдоа влијателни жени од модниот свет од Русија, како Ирина Шајк и Наталија Водјанова, а на Инстаграм ја осудија војната во Украина.
Само поранешната прва тенисерка на светот, Марија Шарапова, храбро се осмели да отпатува во француската престолнина. Таа е видена на ревиите на Клои и Диор.
Марија и за двете ревии избра сличен аутфит, па носеше палта со потписот на модните куќи Клои и Диор, но и црни долги чизми.
Во светот на модата, имаше прашања за блиските врски меѓу тесен круг руски фанови на модата и богатите олигарси - кои или се наведени на меѓународните листи за санкции или се блиски со Путин.
Поранешната сопруга на Роман Абрамович, Даша Жукова, водеше сопствена модна линија и остана главен уредник на авангардниот моден магазин ПОП. И Улјана Сергенко, влијателна руска модна дизајнерка, беше во брак со Данило Хачатуров, тајкун кој беше санкциониран од САД во 2018 година.Во меѓувреме, Русите јавно отстапуваат од потезите на Путин. Најпознатата руска манекенка Ирина Шајк во понеделникот се огласи на Инстаграм со слика на знак на мир, изразувајќи ја својата поддршка за народот на Украина.
Наталија Водијанова напиша: „Како мајка, со целото моето срце стојам со сите мајки кои страдаат од последиците од неодамнешните настани во Украина. Жените ќе бидат тие кои ќе го сносат товарот на овој конфликт и сакам да знаат дека не се сами. Не можам сама да помогнам, но како заедница можеме многу. Ќе ги наведам организациите за кои можете да донирате да помогнете и на кои јас ќе донирам“.
Фото: Инстаграм.Официјален профил Марија Шарапова