Неделен хороскоп 21-27 октомври: Стресни денови пред овие знаци

Добивај вести на Viber

ДЕВИЦА

Љубов: Ве возбудуваат нови емотивни игри во врска со блиска личност, особено кога работите се случуваат по ваша мерка или вкус.

Бизнис: Соберете околу себе тим од докажани соработници, со цел на најдобар начин да разработите успешна деловна стратегија.

Здравје: Ќе уживате повеќе часови добар сон, внимавајте на соништата.

ВАГА

Љубов: Ви следи лош дијалог во врската со саканата личност, меѓу вас има различни интереси и стандарди на вредност.

Бизнис: Мотивирани сте за нов деловен успех, затоа прифаќате конкурентна атмосфера или идеја која ви ја предлага некоја влијателна личност.

Здравје: Нема потреба да се грижите за некои грди настани или лоши претчувства.

СКОРПИЈА

Љубов: Не треба да се грижите за моменталната недостиг на инспирација, туку за нечии задни намери и емоционална каприциозност.

Работа: Секој треба да формира листа на приоритетни цели и ефикасно да го заврши својот дел од деловните обврски. Преземете одговорност.

Здравје: Важно е рационално да ги користите времето и енергијата.

СТРЕЛЕЦ

Љубов: За жал, љубовниот партнер не може да ги исполни сите ваши слатки соништа. Сакате поголемо разбирање и бескрајно внимание.

Работа: Нема потреба да ги докажувате своите способности во погрешни ситуации или кога нема услови за деловна еднаквост.

Здравје: Секогаш има добар излез, зачувајте го личното достоинство и самодоверба.

ЈАРЕЦ

Љубов: Иако сте во чувствителна емотивна фаза, нема потреба да ја нервирате саканата личност или да пренесувате нервоза.

Работа: Ве лути нечие круто однесување или неправдата што ја доживувате во друштво на деловни партнери. Избегнувајте непотребни сметки и обврски.

Здравје: Важно е да ги смирите страстите и да побарате добар совет.

ВОДОЛИЈА

Љубов: Склони сте кон чести промени на расположението, можете да заблескате или наеднаш да се повлечете во светот на тишината.

Бизнис: Успехот подразбира добри информации за различни аспекти и добро осмислена акција. Оценете го најдобриот момент за иницијативата.

Здравје: Делувате напнато, релаксирајте се.

РИБА

Љубов: Одеднаш сте соочени со иронична ситуација, нечиј гест изгледа како погрешен емотивен сигнал. Непотребно се дистанцирате од саканата личност.

Работа: Нема потреба да се инсистира на лидерска позиција меѓу соработниците. На работа секогаш се препознаваат вистинските експерти.

Здравје: Избегнувајте стресни ситуации и тежок обем на работа.

Фото:Freepik


Претходна страна