Неделен хороскоп од 24 до 30 јуни: Овните ги очекува важна одлука, Раковите ослободување од грижите
Овен
Оваа недела на љубовно поле ќе биде стабилно, партнерот од денес нема да биде нежен и романтичен како досега. Почнете да се навикнувате на неговата директност и различни ставови кои можат да ја комплицираат врската.
Бик
Бидете подготвени да покажете иницијатива и да преземете одговорност кога е работата во прашање. Бевте загрижени за здравјето на некој од семејството, но исходот е позитивен, па нема причина за грижа. Можна главоболка.
Близнаци
Оваа недела ќе бидете во фаза на чекање, но целосно сте подготвени за изненадувања кои не се во ваша корист. Потребата за излегување и дружење е нагласена, но не секој ви е вистински пријател.
Рак
Оваа недела, поточно во наредниот период може да очекувате мало олеснување и генерално многу попријатна атмосфера за работа. Прифатете ги можните промени без размислување. Парична добивка.
Лав
Бидете подготвени за компромиси. Иако делите многу со партнерот, немате поддршка во се, но тоа не треба да ви пречи. Добро е кога имате кој да ви укаже на можните проблеми.
Девица
Вложувате се повеќе напори за да постигнете финансиска стабилност. Напорот дефинитивно ќе се исплати. Можен повик од некој од странство. Во љубовта помалку идеализирате, но повеќе сте страсни.
Вага
Нема потреба од избрзани реакции на емотивен план. Потребата за промена е нагласена, но трпението е ваш сојузник. Ќе го изненадите партнерот кој бил премногу опуштен.
Скорпија
Добрите деловни вести кои ќе пристигнат денес ќе бидат доволен мотив за наредниот период. Финансиските проблеми сè уште се присутни. Планирате да ја официјализирате врската, но работите се комплицираат. Здравје добро.
Стрелец
Од денес ќе биде специјално активирано полето на љубовта, па очекувајте интересни настани. Ако не сте во врска, ќе дојде некој кој ќе биде сосема спротивен од она што сте го зацртале, но доволно интересен.
Јарец
Оваа недела ќе биде полна со предизвици. Кога вашиот партнер е добро, и вие се чувствувате подобро. Помалку размислувате за работата и одредени проблеми. Денес ќе има убави настани на полето на кариерата. Финансиската состојба утре ќе се стабилизира.
Водолија
Ќе бидете се подиректни во комуникацијата, но во исто време и пофини, што е многу попаметно. Таквиот пристап ќе ви ги отвори сите врати. Емотивно е подобро од вчера. Ви претстои убав состанок.
Риби
Вашата напнатост е намалена и сега можете полесно да ја решите ситуацијата во врска со станот. Можете да добиете пари со помош на партнерот, но и со дополнителна работа која бара патување.
Фото:Фрипик