Неделeн хороскоп: Релативно тешка недела ги очекува 4 знаци

Добивај вести на Viber

Овен

Оваа недела ќе биде премногу возбудлива бидејќи ќе треба да започнете нови проекти. Љубовните разговори се многу нејасни и тоа е она што малку ве загрижува.

Бик

До крајот на неделата ќе слушнете поволни вести од странство во однос на деловните резултати. Ќе бидете горди на своите способности. Во љубовта бидете толерантни.

Близнаци

Меркур во вашиот хороскоп создава нејасни емоции, обидете се да се помирите со вашата внатрешна состојба. Никој не бара од вас да направите нешто невозможно. Се зависи од вас и вашата перцепција.

 Рак

Обидете се да бидете сериозни и отворени за некои нови работи, тоа може да ви отвори нови деловни можности. Во љубовта ќе ви се случи голема пресвртница, но не зборувајте за тоа.

 Лав

До крајот на неделата ќе имате можност да се видите и разговарате со партнерот и неговите пријатели. Тоа ќе биде многу интересна активност која ви дава стабилност и релаксација во животот. Здравјето е стабилно.

Девица

Во следните неколку дена од вас се очекуваат многу работи кои не сте ги завршиле. Бидете подготвени на компромиси со партнерот бидејќи нема да можете да функционирате поинаку. Проблеми со спиењето.

Вага

Во следните неколку дена се очекува да донесете голема деловна одлука поврзана со странство. Почнете да се занимавате со себе и со вашите планови бидејќи тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за себе.

Шкорпија

Во овој момент, сè зависи од вас кога станува збор за важни работи што ги чекавте многу долго. Не дозволувајте другите да ве користат за нивните потреби, доволно знаете што можете и колку.

Стрелец

Оваа недела ситуацијата во кругот на семејството е многу комплицирана. Најважно е да се ставите себеси на прво место и тоа секогаш да биде најважната ставка во вашиот живот. Можни се проблеми со стомакот.

Јарец

До крајот на неделата очекувајте поволни вести од личност водолија која е многу блиска до вас на работен план. Пазете се од нагли движења бидејќи може да имате проблеми со 'рбетот и рамената.

Водолија

Во наредниот период се очекува многу од вас, но прашање е дали ќе имате сила да го направите она што луѓето го очекуваат од вас. Љубовната ситуација е стабилна, но сепак важно е комуникацијата да ви биде поквалитетна во наредниот период.

риби

Пазете се од лажни пријатели особено кога станува збор финансии. Партнерството веќе некое време е во неволја поради вашата потреба секогаш да доминирате и да покажете дека секогаш сте во право.