Неговата прерана смрт го шокира светот: И две децении подоцна, деталите за ова злосторство се мистерија! (ФОТО)

Поминаа 24 години од смртта на кралот на модата, а некои прашања сè уште не се одговорени

Џани Версаче е роден на југот на Италија, на местото Реџо ди Калабрија, а еден потег на неговата мајка можеби го одреди текот на неговиот живот. Таа отвори кројачки салон, а нејзиниот син подоцна беше прогласен за „крал на модата“, пишува Глоси.

Џани Версаче создаде модна империја за која знаеме многу, но денот на неговата трагична смрт беше ден кога тој имаше многу причини да се радува.

На 15 јули 1997 година, семејството Версаче се радуваше затоа што истоимената модна компанија вредеше милијарда долари, а тие потпишаа договор што требаше да им донесе многу повеќе. Потоа, Џани отпатува во Мајами, градот каде што помина толку многу убави моменти, а немаше идеја дека тој ден е последен за него. 

Ендрју Кунанан, човек кој имаше сурова и крвава цел: да го најде Џани Версаче, еден од најпознатите луѓе во светот, исто така пристигна во Мајами во тоа време. Бидејќи имаше неколку убиства зад себе, тој беше најбараниот човек во Америка, но со смешна леснотија успеа да стигне до славниот дизајнер.

Тој мирно му пријде на Џани Версаче, кој тогаш се враќаше од прошетка, го престигна на скалите на неговата луксузна вила на главното шеталиште во Мајами, испука два куршума и мина низ толпа шокирани минувачи. Неговото тело беше пронајдено четири дена подоцна во брод, откако изврши самоубиство. 

Кога Версаче беше убиен, неговиот партнер, модниот дизајнер Антонио Дамико, беше во вилата.

- Слушнав истрел. Моето срце одеднаш престана да чука. Истрчав надвор, а потоа го видов Џани како лежи на скалите облеан во крв - рече Дамико во април 2017 година и првпат по 20 години зборуваше за убиството на славниот творец. 

Многу прашања и денес не се одговорени. Не е познато дали Версаче и Кунанан се познавале, ниту кој бил мотивот на убиецот. Ова убиство го означи крајот на дваесеттиот век, но остануваат прашањата ...


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Седум животни лекции од Донатела Версаче: Moра да бидете подготвени да се менувате ако сакате да успеете