Седум животни лекции од Донатела Версаче: Moра да бидете подготвени да се менувате ако сакате да успеете

Добивај вести на Viber

Пред да се појави терминот „girl boss“ како  врвен хаштаг на социјалните мрежи, Донатела беше жена за пример. Ја водеше најпознатата италијанска модна куќа низ најубавите и најтешките моменти.


Животната приказна на Донатела Версаче воопшто не е лесна и гламурозна, туку тоа е успех над несреќа.

1. Жена – раководител мора да биде успешна и силна

„Како жена често наидувам на предрасуди за тоа која сум и колку можам. Жените мора да се докажуваат повеќе од мажите, мора да се борат за да се слушне нивниот глас. Времињата се променија и позицијата на жената се подобри. Може да бидеме што и да посакаме – јас сум дизајнерка,  бизнис жена, мајка, пријателка“.


2.Борете се за она во што верувате

„Мојата животна страст е еднаквост.  Фирмата Версаче секогаш се залага за слобода и право да бидете она што сте, без обзир на тоа кој сте и што сакате“.

3.Мора да бидете подготвени да се промените ако сакате да успеете

„Секој моден тренд, секоја фирма мора да еволуира ако сака да успее. Ништо не може да остане исто во светот на бизнисот и ништо не е исто во модата.  Нашата фирма е место за неверојатна енергија. Ја сакам својата работа и сакам да поминувам време со луѓето од нашата институција“.


4.Бидете верни на себе и верувајте во своите инстинкти

„Знам дека сум најдобра кога сум верна на себе и кога имам силен став. Во минатото не верував во себе и бев внимателна. Секоја сезона морам да имам доверба во себе и сила да го туркам Версаче напред. Тоа е напорна работа, но резултатите се видливи. Ништо не ми прави поголемо задоволство кога ќе видам колку е силен нашиот бренд“.

5.Бидете бестрашни во се!

„Бидете храбри во се што правите, без компромиси“

6.Стaвете го семејството на прво место!

„Во мојата кариера семејството ми  е  се. Семејство не се само оние кои имаат исто презиме, фирмата Версаче е разгранета фамилија и мислам дека во тоа се крие нашата голема сила. Разговараме, се караме, се смееме, се почитуваме. Работата во Версаче значи припадност на едно семејство“.

7.Креативноста е глупава активност

„Младите дизајнери се моја најголема страст. Имам прилика да работам со неверојатни млади дизајнери. Сакам да ги запознам веднаш по дипломирањето, да ги гледам како се развиваат. Сакам да соработувам и со моите креатори во Милано. Многу креатори не сакаат да имаат и сопствен бренд – им одговара работа во фирма. Нивната работа е клучна за секоја модна куќа“.