Нејзините родители сакаа да нѐ разделат: Дино Мерлин за тајната венчавка со сопругата

Приватниот живот успешно го крие од јавноста, но сепак во една прилика раскажа за врската со сопругата Амела со која има ќерка и син. Сараевскиот кантавтор Дино Мерлин веќе 39 години е во хармоничен брак, а својата животна партнерка ја запознал кога имал само 17 години. „Ја видов во џамија. Ѝ пријдов и сигурно ѝ кажав нешто неодоливо, штом се’ уште е со мене“, се пошегува Мерлин во едно интервју.

На почетокот, родителите на Амела не ја одобрувале нивната врска.

- Се боревме, се криевме, но не дозволивме никој да нѐ раздели. По пет години тајно се венчавме. Беше тоа многу интимна романтична забава, иако својата жена буквално ја киднапирав. Со нас беа само мојот кум и сестра ѝ на Амела. Говорот на матичарот беше предолг и постојано гледав накај вратата да не наиде некој и да ја расипе нашата среќа - во свој стил прокоментира популарниот музичар.

Фото: Cropix

По венчавката заминале во Дубровник, а кога се вратиле се преселиле кај мајка му на Мерлин.

- Веднаш се соочивме со тешки животни предизвици. Мене ме чекаше одговорност за семејството и макотрпна работа, а родителите на сопругата беа толку лути што речиси една година не сакаа да слушнат за нивната ќерка. Но, ете времето лечи се’, па сега нејзините родители ме сакаат и повеќе од што заслужувам - раскажа Дино.

Дино Мерлин и сопругата Амела

На почетокот навистина едвај врзувале крај со крај. Амела студирала архитектура, а потоа останала бремена. Во 1983 година Дино веќе сериозно почнал да се занимава со музика. Токму сопругата најмногу го охрабрила целата енергија да ја насочи кон уметноста.

- Се сеќавам, ми велеше: Почни, твоите песни се најубави. Можете ли да замислите каков ветер во грб беше тоа, кога личноста која најмногу ја сакате ќе ви каже дека сте најдобриот поет што го знае - откри Мерлин.

(ФОТО) ВАКА ИЗГЛЕДА ЌЕРКАТА НА ДИНО МЕРЛИН