НЕКОИ ДРЖАВИ ЈА ЗАБРАНИЈА ШЕЌЕРНАТА ВОЛНА: Зошто треба да ја избегнуваме?

Добивај вести на Viber

Во некои држави во светот ја забранија шеќерната волна со објаснување дека е ризик фактор кој може да предизвика канцер. Последен таков пример имаше во Индија.

Нагласено беше дека таа содржи вештачка боја која негативно влијае на сите органи. Нутриционистот Фани Гулевска вели дека децата, но и општо луѓето треба да ја избегнуваат шеќерната волна затоа што има повеќе негативни ефекти по здравјето.

„Секако дека е штетна и прекумерното внесување на шеќери влијае на дебелината, на крвниот притисок, висок холестерол, појава на дијабетес и други болести. Едноставно го токсицира организмот. И ако некој производ содржи вештачки бои, не треба да го внесуваме, затоа што тоа што е вештачко е штетно за нашиот организам, тешко е да биде детектирано и процесуирано во телото“, вели Гулевска.

Досега многупати во земјава имало укажувања дека луѓето се хранат нездраво. Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари  вели дека е потребна промена на животниот стил. Според неа, денес луѓето внесуваат многу повеќе шеќери од потребното и тоа носи ризици.

Продолжува на Фактор.мк