Некои ги изеде сцената - некои блескаа: Сите македонски претставници на Евровизија

Пред самото одржување на овогодишното издание на Евровизија, кое ќе се одржи на 16 мај решивме да ви направиме еден евровизиски времеплов. Иако на истото нема да се одбере победник и нема да одржи во земјата на минатогодишниот победник, поради пандемијата на коронавирус, сите земји учеснички ќе имаат можност да ги презентираат своите песни. Додека сме во исчекување и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се одвива оваа најголема музичка манифестаница се потсетуваме на сите наши досегашни претставници.

Калиопи Букле - „Само ти“ (1996)

Во тоа време се одржуваа преквалификации, кои за жал не ги поминувавме, сепак Калиопи е на листата како прв претставник на Македонија.


Владо Јаневски - „Не зори, зоро“ (1998)

Две години подоцна, Владо Јаневски со оваа балада се престави пред европската публика, но за жал не успеа да влезе во финалето на оваа манифестација.


#ХХL - „100% те љубам“ (2000)

По едногодишна пауза, девојките од XXL ги бранеа боите на Македонија. И нивното преставување заврши како она на претходниот претставник и не се пласираа во финалето.

Видеото со песната „100% те љубам“ и останатите песни со кои земјава се претстави низ годините на Евровизија, погледнете ги на Хаштаг.мк