Нема да им се допаднеш на ситe: Ти си многу повеќе од она што можеш да замислиш

Добивај вести на Viber

Никогаш нема да успеете да им се допаднете на сите, само ќе си го потрошите вашиот живот залудно...


Тоа што си ти е многу поголемо од она што можеш да го замислиш. Никогаш не треба да се вклопиш никаде. Да бидеш ти е целата поента. Немој да се запоставиш себе, за да му удоволиш на некој друг.

Обиди се да ги контролираш и да ги задоволиш сите околу тебе. Промени ја формата, стисни се во таа невидлива кутија, молчи... Сè уште нема да ги задоволите сите, и тоа е во ред.

Не е важно што правиш или колку се трудиш избегнуваш некои работи, вашето присуство секогаш ќе биде впечатливо за некого. Нема да им се допаднеш на сите, и тоа е во ред.

Без твоја вина, твоето постоење на оваа планета ќе направи некој да се чувствува непријатно.

Дури и кога ќе се чувстуваш убаво и среќно, тоа ќе се случи. Нема да им се допаднеш на сите, и тоа е во ред.

Во некој момент, можеби на многумина ќе им предизвикаш тага или гнев, ќе бидеш причина за нечија негативна емоција, и тоа е сосема во ред ако, доколку немате лоша намера, затоа што тоа не е твоја вина.

Твоето постоење можеби ќе ги потсети на нешто што можеби нема да сакаат да го знаат или претпочитаат да не го видат. Можеби ќе бидеш проколнат/а и отсечен/а поради тоа што си. А тоа, тоа нема да има никаква врска со вас.

Нема да им се допаднете на сите, и не по ваша вина, запомнете...И тоа е во ред.

Сакај се себе!

Фото: freepik