НЕМА ДА ЗАКАЖУВААТ ТЕРМИНИ ПРЕКУ СИСТЕМОТ, САМО ИТНИ СЛУЧАИ: Матичните лекари денска протестираат

Добивај вести на Viber

Лошите услови за работа, но пред се капитацијата од 65 денари по пациент, утврдена уште пред четири години се главните причини поради кои матичните лекари денеска че протестираат. Најавија дека нема да закажуваат термини, односно за неитнитне пациенти нема да го го користат електронскиот систем МојТермин, нема да издаваат рецепти, единствено ќе бидат посветени само на итните случаи.

Во разговор за Фактор матичните лекари од неколку ординации посочуваат дека крајно време е да го изразат револтот зошто во последните неколку години се ставени на маргините на здравствениот систем од страна на здравствените власти. А во време на пандемијата, како што велат, овие изминати две години се претворени во „писари“.

-Се оди преку нашиот грб. Велат, „закажувајте термини“, термини нема. Не можеш да закажеш ни ПЦР-тестирање, ни специјалистички преглед, нервози кај пациентите. Му треба магнетна резонанца сега, а термин по два-три месеца...и ред други слични проблеми. На почетокот на пандемијата сите беа обезбедени со заштитни опреми и средства за дезинфекција, ние самите од свој џеб тоа го правевме, со капитацијата што ја добиваме што попрво. Медицинските сестри не може да се платат, па си заминувале од Македонија, секако дека ќе си заминат. За 300 евра нема да работат. Голем дел од нас ќе бидат приморани да ги затворат амбуланите. Ова е генерално сликата за Скопје, а што да се каже за помалите места. Таму е катастрофа, велат матичните лекари со кои разговараше Фактор.

Проблемите со кои се соочуваат матичните лекари, уште вчера беа нагласени во повикот за протест:

-Долго време никој не реагира на нашите апели дека примарното здравство не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на горивата и храната“, се вели во повикот на матичните лекари за протест. 

Повеќе на Фактор.мк