НЕМА ЕНДОПРОТЕЗИ ЗА КОЛКОВИ И КОЛЕНА, ПАЦИЕНТИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ЧЕКААТ ОПЕРАЦИИ: ГОБ „8 Септември“ чека од ФЗОМ да одобри пари за набавка

Добивај вести на Viber

Дел од пациентите кои треба да подлегнат на хируршка интервенција на колкови или колена се соочуват со проблем бидејќи ендопротезите се потрошени во ГОБ „8 Септември“. Велат дека за операција мора да чекаат и неколку месеци, но кај некои од нив состојбата е итна и едноставно немаат време да чекаат да заврши тендерската постапка за набавка на нова количина ендопротези.

-Изминати се повеќе години од мојата операција на колк и веќе лекарите специјалисти силно ми препорачуваат дека мора да се направи замена и тоа што поскоро. Затоа, поведуваќи се од фактот дека во Градската општа болница во Скопје, ГОБ „8 Септеври“ има навистина одлични ортопеди закажав термин во таа здравствена установа. За жал, по направените прегледи и консултации бев информирана дека нема ендопротеза, односно дека бројот кој е на товар на ФЗОМ, се потрошени и дека се чека нова количина, но откако ќе заврши тендерот. Понудено ми е да ја направам операцијата приватно, а таа чини околу 1.700 евра и тоа само за едниот колк. Не можам, односно не смеам да чекам, бидејќи здравствената состојба може нагло да ми се влоши и да доведе до  траен инвалидитет. Останува да направам консултации и во други здравствени установи, и секако крајна варијанта е да подигнам кредит и да ја направам операцијата за 1.700 евра по колк. Навистина се прашувам до кога јавното здравство во Македонија ќе тоне. Приватно може се, а за нас осигурениците, од чии плати редовно ни одат убави суми на пари во ФЗОМ, еднаш во животот кога ќе ни затреба вакво нешто, нема, вели 45 годишна пациентка од Скопје која итно треба да направи замена на старата ендопротеза на колкот, а која за нејзиниот случај разговараше со Фактор.


Целиот текст читајте го на Фактор тука.